Интересна ситуација, Гвардиола заборави да ја тргне етикетата од шалот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На вчерашниот натпревар во кој Сити лесно се справи со Арсенал камерите забележаа една интересна ситуација.

Имено, стратегот на „граѓаните“ заборавил да ја тргне етикетата од шалот кој го носеше на натпреварот, а тоа предизвика лавина коментари на социјалните мрежи.

Некои се шегуваат со Шпанецот, а други пак одат дотаму што велат дека ова е маркетиншки трик и дека е некоја реклама која Гвардиола се решил да ја претстави пред милионски аудиториум.