Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најголемата приказна околу НБА лигата деновиве е сагата околу кршењето на романсата помеѓу Кливленд Кавалирс и Кајри Ирвинг. Ѕвездата на Кавси побара да биде разменет во друга екипа. Последните вести кои стигнуваат од САД ни покажуваат колкава е побарувачката за него.
Откако излезе во јавност веста за незадоволството на Ирвинг повеќе од 20 тима го контактирале раководството за достапноста на играчот. Од нив, дури 6 тима доставиле официјални понуди до Кавалирс но засега ниту една од понудите не беше прифатена. Шесте тима, според НБА инсајдерот Војнаровски, се следните: Сан Антонио Спарс, Лос Анџелес Клиперс, Феникс Санс, Њу Јорк Никс, Минесота Тимбервулвс и Мајами Хит.
Секој од тимовите има доволно да понуди во една ваква размена, иако се чини дека Кливленд Кавалирс тешко ќе се откажат од Кајри Ирвинг.