Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Фудбалскиот клуб Интер, по отпуштањето на Франк де Бур, ќе добие нов менаџер во недела или понеделник, пренесуваат денеска исталијанските медиуми.
Привремениот менаџер Стефано Веки, според медиумите, ќе го води Интер во претстојните два натпревари против Саутемптон во Лигата на Европа и против Кротоне овој викенд во Серија А.
„Corriero Dello Sport“ тврди дека конечната одлука за нов менаџер ќе биде донесена во недела или понеделник, а главните кандидати за таа функција се Стефано Пиоли и Марчелино.
Де Бур пред неколку дена доби отказ по лошите резултати на Интер. Холанѓанецот во август, две недели пред почетокот на сезоната, го превзеде миланскиот клуб, но екипата од тогаш претрпе седум порази во 14 натпревари во сите натпреварувања.