Скопје троши вода како да има 1 милион жители! Каде е проблемот? ↓↓↓
Интер уште во зимскиот трансфер период би можел да донесе големо засилување.
Како што пишуваат италијанските медиуми, на метата на Интер се наоѓа аргентинскиот репрезентативец Лукас Биглиа, кој веќе некое време се поврзува со трансфер во Интер.
Овој играч на Лацио со клубот од Рим има договор до 2018. година, но сеуште не ја прифатил понудата за продолжување на соработката.
Новиот менаџер на Интер, Стефано Пиоли е голем фан на Лукас Биглиа, кој во Лацио го именуваше и за капитен на овој клуб.
Според последните информации, Интер на Лацио ќе му понуди 26 милиони евра за Биглиа, а останува да видиме каков ќе биде одговорот на претседателот на Лацио, Клаудио Лотито.