Интер доведува тандем од Реал Мадрид


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Интер е блиску до две засилувања од Реал Мадрид, соопшти СпортИталија.

Нероазурите бараат засилувања за следната сезона, а наводно преговараат со Реал Мадрид за двајца кралски фудбалери.

34-годишниот Пепе ќе биде слободен фудбалер и засега нема знаци дека ќе остане во Реал, па португалскиот дефанзивец би можел многу лесно да заврши во Интер.

Интер сака да го откупи и договорот на Џејмс Родригез. Иако колумбиецот има договор со кралскиот клуб до 2020-та година не добива многу шанса за игра кај Зидан и наводно се простил од Сантијаго Бернабе.

Реал му плати на Монако 75 милиони евра пред три години, но сега ситуацијата е поразлична и мадриѓани ќе го продадат за помалку. Интересно е дека агент на двајцата фудбалери е Мендеш кој често ги прави трансферите во Интер.