Интер на чекор од елиминација: Поминаа Шахтјор и Шалке!


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Интер очаен и без Де Бур, Шалке и Шахтјор поминаа понатаму.

    Фудбалерите на Интер ја продолжија серијата на порази и по заминувањето на Де Бур бидејќи вечерва изгубија од Саутемптон со 2:1.

    Вечерва пласман обезбедија Шахтјор и шалке додека Ајакс е на чекор од пласман понатаму.

    Интер тешко дека во пролет ќе игра во Европа бидејќи има само 3 бодови. Спарта има 9, Саутемптон има 7, а Апоел 4.

    До крајот на групната фаза, Интер мора да го победи Апоел во гости, а потоа и Спарта на свој терен.

    Во другите натпревари ПАОК  не успеа да остане втор, бидејќи изгуби од Стандард со 0:2 и падна на последно место на табелата.

    Шахтјор вечерва во гости против Гент успеа да обезбеди пласман. Тие победија со 5:3 во гости.

    Брага како домаќин беше подобра од Конјаспор со 2:1 и така стигна до 2-то место на табелата со 5 бодови.

    Шалке исто како и Шахтјор успеа да помине во наредното коло бидејќи стигна до 4-та победа.

    Фиорентина направи важен чекор кон елиминациската фаза бидејќи како домаќин беше подобра од Либерец со 3:0.

    Резултати:

    Ајакс 3-2 Селта
    Брага 3-1 Конјаспор
    Фиорентина 3-0 Либерец
    Гент 3-5 Шахтјор
    Ница 0-2 Салцбург
    Панатинаикос 0-3 Стандард
    ПАОК 0-1 Карабаг
    Шалке 2-0 Краснодар
    Саутемптон 2-1 Интер
    Виљареал 1-2 Османлиспор
    Цирих 0-0 Стеауа
    21:05 Kraj Sparta Prag 2 – 0 H. Beer Sheva