Интер победи во трката за Караско, но и Милан најде одлично решение


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Белгискиот репрезентативец Јаник Караско речиси сигурно ќе го напушти кинескиот Далан Јуфанг до крајот на месецот и ќе се врати во Европа.

Караска минатата зима ги изненади сите кога го напушти Атлетико Мадрид и отиде во Кина, но после само година дена сфати дека тоа беше грешка. Белгиецот очајнички сака да се врати во Европа, а веќе има неколку интересни понуди.

Според пишувањата на медиумите најконкретен е Интер кој веќе неколку дена е во контакт со Караско, а работата проба да им ја расипе градскиот ривал Милан. Но, Газета дело Спорт пренесува дека Росонерите се откажале од Караско, па се очекува Белгиецот деновиве да потпише со Интер.

Во спротивен правец би можел да замине Антонио Кандрева кој не се наигра оваа сезона.

Што се однесува пак на Милан тие се откажаа од Караско, бидејќи на Сан Сиро сакаат да го доведат Џерард Делофеу од Ватфорд.

Поранешниот играч на Барселона играше во Милан во 2017. година на шестмесечна позајмица и сите ги воодушеви со своите игри.

Во Њатфорд не му оди баш најдобро и англискиот клуб е спремен да го пушти во Милан за 25 милиони евра, додека пак Росонерите се надеваат на позајмица до крајот на сезоната со опција за откуп на неговиот договор.