Интер повторно со пресврт до нова победа, петта во серија!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Интер го победија вечерва на Џузепе Меаца Киево со 3:1 во дуелот од 20 коло од Серија А.

Влезе Интер како голем фаворит во овој меч. Нероаѕурите имаа серија од четири победи и се очекуваше и вечерва лесно да стигнат до победа.

На крајот славеа, но со доста маки.

Интер доминираше во овој дуел. Кренаа жестоко од првата минута, но топката не сакаше во гол.

Ладен туш домаќините доживееја во 34 минута. После корнер најдобро во шеснаесетникот се снајде Серџо Пелисиер, и погодува за предност од 1:0.

Тргна Интер потоа по израмнување, но него го чекаа до 69 минута, кога Мауро Икарди погоди за 1:1.

Имаше домашниот тим доста шанси да дојде до победата до крајот на мечот, а во 86 минута конечно го скршија бедемот на гостите.

Иван Перишиќ погоди за 2:1, а конечните 3:1 ги постави Едер во судиското продолжение.


All Goals & Highlights HD by arcturusmedia33


Ivan Perisic Goal Inter Milan 2-1 AC Chievo Verona by newvideobest