Скопје троши вода како да има 1 милион жители! Каде е проблемот? ↓↓↓
Милан Бадељ во јануари би можел да ја напушти Фиорентина. Веќе долго време се шпекулира дека хрватскиот играч сака да го промени клубот, но проблем прави Фиорентина со тоа што не сака да го пушти да си замине.
Има многу клубови кои се заинтересирани за споменатиот играч, а последен што се вклучи во траката е Интер, тврдат италијанските медиуми.
Милан и понатаму останува најзаинтересираниот, а „Gazzetta dello Sport“ објави дека Милан подготвува понуда од девет милиони евра за Фиорентина, а на Бадељ четири годишен договор со годишна плата од 2,5 милиони евра.
Бадељ има договор со Фиорентина до 2018., но мала е веројатноста дека ќе го исполни до крај. Освен миланските клубови, за Бадељ се заинтересирани и Рома, Челси, Борусија Менхенгладбах и Шалке.