Интер создава страшен тим: Наредното засилување е наследникот на Ди Марија и страдањето на Венгер


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Габриел Барбоса и Жоао Марио стигнаа, а се чини дека тоа е само почеток. Имено, Интер со новите газди од Кина се одлучи на  целосна реконструкција на тимот.

    Така е заклучено за постепено да се доведуваат најперспективните светски играчи.

    Наредна мета е никој друг туку одличниот парагвајски играч Мигуел Алмирон.

    И изгледа дека Нероаѕурите се навистина на добар пат да ја исполнат и таа мисија.

    Имено, скаутирањето трае веќе неколку месеци, а сега Интер превзеде и конкретни чекори и започна преговори за трансфер на Алмирон на Меаца.

    Алмирон има 22 години и член е на шампионската екипа на Ланус во Аргентина.

    Игра на позиција офанзивен играч за врска и лево крило, но може да биде и класичен играч за врска.

    По стилот на игра многу потсетува на Анхел Ди Марија.

    Беше еден од клучните играчи на Ланус во освојувањето на титулата во претходната сезона.

    Порано за овој играч голем интерес покажуваше Арсенал, а во игра беше и Фиорентина.

    „Арсенал го сакаше, но не успеа да го реализира трансферот. Мислам дека го гледаат како засилување во иднината и се надевам дека Мигуел ќе заигра за Топџиите во ПЛ“, рече менаџерот на Алмирон.

    Сепак, се чини дека сега најблиску е Интер…