„Интер? Ќе видиме!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Талентираниот фудбалер на Андерлехт, Тиелеманс доби вести дека го следеа скаути на Интер во натпреварот против Јунајтед.

Андерлехт одигра 1:1 против Манчестер во првиот натпревар во ¼-финале на ЛЕ.

„Не знаев дека има скаути на Интер. Секогаш се трудам да дадам се од себе  на теренот и да го докажам мојот квалитет.“

На прашањето дали би можел да игра во Серија А, овој 20-годишен фудбалер остана замислен.

„Дали мојата иднина е во Италија? Не можам да кажам ниту да, ниту не. Ќе видиме на крајот на сезоната.“

За иднината на Тиелеманс одамна се шпекулира, а веќе е поврзуван со Ливерпул, Тотенхем и Челси.