Ирвинг го предводеше Кливленд до победа против Бостон


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Кошаркарите на Кливленд Кавалирс на домашен паркет го победија Бостон Селтикс во четвртиот натпревар од финалето во источната конференција, 112:99.

Гостите од Бостон одлично го одиграа првото полувреме. После првата четвртина имаа 10 поени предност, 19:29. Предноста на кошаркарите на Бостон остана иста и на полувреме.

Сепак, во третата четвртина домашните се разиграа, а проработи и Кајри Ирвинг кој направи пресврт. Во тие моменти и гостите не погодија неколку шута за три. Падот на гостите се виде во последните пет минути од натпреварот, а на крајот Кливленд победи со 13 поени предност.

Кајри Ирвинг со 42 поени го предводеше Кливленд до победа. Леброн Џејмс додаде 34 поени. Кај Бостон најмногу се истакна Ејвери Бредли со 19 поени.