Иско: Зидан покажа дека е голем човек! Се врати кога ни беше најтешко!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Веста дека Зинедин Зидан во наредниот период повторно ќе го води Реал Мадрид го израдува Иско.

Двата порази од Барселона во шпанскиот Куп и исто така во лигата ги разочараа навивачите на Реал Мадрид, па тоа го натера претседателот на тимот, Флорентино Перез да го избрка Сантијаго Солари и да го врати Зидан на клупата.

Зидан со Реал потпиша договор до 2022 година, а покрај навивачите, на неговото враќање се радува и Иско, кој беше во немилост кај Солари.

„За Зидан знам многу работи, каква класа на фудбалер бил, а како тренер освои многу трофеи. Добро е тоа што се врати, токму тогаш кога ни е тешко. тој го сака Реал и се надевам дека ќе успее да донесе успех во нашиот тим. Реал е клуб во кој барањата не можат да бидат поголеми, туку мора едноставно да се бориме за сите трофеи“, кажа Иско.

Со францускиот тренер, Иско многу успешно соработуваше, па не го крие задоволството за враќањето на Зидан.