„Иско мора да стане сериозен, инаку ќе го загуби местото во тимот!“


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Рубен Де Ла Ред го повика Иско да биде сериозен, зашто ќе го загуби местото во тимот засекогаш.

Во актуелната сезона во Ла Лига, Иско многу често влегуваше во игра од клупа, па на 15 натпревари постигна само еден гол.

Шпанскиот фудбалер е еден од најнезадоволите во Мадрид, па цел меч во нивниот дрес го одигра само во катастрофалниот пораз од Барселона со 1-5.

„Иско мора да знае дека никој не го чека. Тој кој не ги исполнува очекувањата ќе мора да биде набрзо заменет“, порача Де ла Ред.