Исланд уште еднаш испиша историја, Хрватска се избори за бараж


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во рамките на последното коло од квалификациите за Светското првенство синоќа се одиграа девет натпревари од кои некои беа од круцијална важност за репрезентациите.

Репрезентацијата на Србија по неколку години отсуство повторно е на големите натпреварувања. Избраниците на Муслин на стадионот „Рајко Митиќ“ потешко од очекувањата ја совладаа Грузија со 1:0 и со тоа го обезбедија пласманот на Мундијалот во Русија.

Репрезентацијата на Ирска исто така направи голем успех победувајќи го Велс на гостински терен со што си обезбеди место во баражот за Светското првенство. Избраниците на Мартин Онил преку Меклин дојдоа до големата победа против островскиот ривал.

Хрватска славеше на тешкото гостување во Украина со 0:2 и тоа беше доволно „коцкестите“ да изборат пласман во баражот. Од оваа група големо изненадување направи репрезентацијата на Исланд која очекувано славеше против Косово и си обезбеди билет за Русија каде уште еднаш ќе се појави на едно големо натпреварување по Европското првенство пред две години кога Исланѓаните беа вистински хит.

Ваквиот расплет на настани ја исфрли Словачка која остана без можност за бараж на Светското првенство.

Ова се репрезентациите кои ќе вкрстат меѓусебно во бараж средбите за Мундијалот во Русија:

Португалија/Швајцарија, Италија, Данска, Хрватска, Шведска, Северна Ирска, Грција, Ирска.

Сигурни патници во Русија се: Англија, Шпанија, Германија, Полска, Белгија, Србија и Исланд.