Испаѓање од ПЛ значи загуба – Астон Вила со неверојатна загуба по испаѓањето!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сезоната 2015/16-та за Астон Вила беше лоша, а тие ќе ја паметата по испаѓањето од ПЛ.

Преминувањето во Чемпионшип најмногу се почувствува на финансиски план, а тие објавија дека имаат загуба од 81 милион фунти.

Тоа најмногу се гледа во загубата на парите од ПЛ и ТВ правата, а најмал виновник се навивачите кои во голем број доаѓаа на стадионот.

Просек во сезоната 2015/16 беше 33.690 гледачи, а тоа е помалку во однос на претходната сезона.

Треба да се каже дека Астон Вила на 14-ти јуни 2016-та година доби нов сопственик Тони, а извештајот за 2016/17 вели како поминала неговата прва година во клубот.

Астон Вила минатата сезона заврши на последното место во ПЛ со само 17 бодови од 38 кола, а оваа се наоѓа на 17-то место во Чемпионшип.