Испит на кариерата: Ќе успее ли Розберг да го положи?


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Возачот на Мерцедес, Нико Розберг има 12 бодови предност во однос на Хамилтон пред трката во Абу Даби.

    Германецот не вози одлично во последно време, меѓутоа се наоѓа на прагот пред првата титула во кариерата.

    „Не знам како ќе пристапам на последната трка. Ќе ве известам пред трката, кога ќе има време да размислувам за тоа. Ќе биде тежок викенд како и секогаш, ништо не е лесно во Ф1.“

    Хамилтон победи во последните 3 трки, но за да ја одбрани титулата потребна му е победа во Абу Даби, но и пласман на Розберг под 3-то место.

    „Нико е одличен цела сезона, немаше проблеми додека јас често бев во чудни позиции. Ако возам како во сабота нема да биде ништо важно. Шансите се мали, но никогаш не треба да се предаваме.“

    Генерален пласман:

    1.Нико Розберг – 367
    2. Луис Хамилтон – 355
    3. Даниел Рикардо – 246
    4. Себастијан Фетел – 197
    5. Макс Ферстапен – 192