Исповед на Виљаш Боаш –Од опсесија и љубов до болна разделба со Мурињо!


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Португалецот зборуваше за својата поврзаност со Жозе Мурињо и дека најмногу научил од својот ментор и сегашен менаџер на Манчестер Јунајтед.

    Речиси да не постоеше личност во фудбалскиот свет кој пред пет години, кога со Порто ја освои Лига Европа, не веруваше дека Андре Виљаш Боаш е наследник на Жозе Мурињо.

    Нивните приказни беа толку слични, работеа заедно, имаа сличен принцип на работа, меѓутоа, младиот Португалец не успеа да оствари такви висоци цели како Жозе Мурињо.

    „Во периодот кога растев како тренер, работата со Жозе Мурињо беше најдобар дел од мојот живот. Бев во целост посветен во работата со него, да учам од него и да преминам на некое друго ниво. Во Мурињо едноставно се заљубувате и тој станува ваш идол. Сакав да бидам како него, да имам исто знаење како и тој и да ги апсорбирам сите информации кои ми ги даваше“, призна поранешниот тренер на Зенит.

    Виљаш Боаш потоа откри дека постојат и лоши последици од длабокото поврзување со Мурињо, а неговиот крах со Жозе дојде кога се одлучи да го напушти неговиот стручен штаб во Интер.

    „Ако ви се случи да ја запознаете погрешната страна на неговата личност, тогаш работите ќе се променат и ќе сфатите дека тој повеќе не е истата личност.

    Тој поседува неверојатна способност да го излече најдоброто од вас, што има и лоши последици кај луѓето. Коите последици беа за после кавгата со него да започнам самостојна тренерска кариера“,заклучи Виљаш – Боаш.

    Инаку, двајцата Португалци ја поминуваа тренерската школа на големиот Боби Робсон, на кого Мурињо му беше преведувач, додека Виљаш-Боаш беше скаут во странство. Подоцна, Виљаш Боаш се придружи на Мурињо во штабот во Порто, а подоцна му беше помошник и во Челоси од 2004 до 2008 година, кога дојде до разделба.

    Мурињо отиде во Интер, додека Виљаш Бобаш се одлучи да започне самостојна кариера, прво како тренер во Академика во сезоната 2009/10, а потоа следеше сензационален повик во Порто со кој ја освои ЛЕ во 2011 година.

    После тоа следеше премин во Челси, што според неговите зборови, беше преголем залак.

    „Челси беше преголем чекор во текот на кариерата, преголем предизвик за кој не бев спремен. Во тој момент, не бев доволно флексибилен менаџер. Бев само комуникативен, но не ја прилагодив доволно ситуацијата. Во Тотенхем веќе научив да бидам подруг и да се прилагодам. Во професионалниот фудбал морате да одите чекор по чекор. Целта е колективен успех, но секој поединец  добива различни задачи од својот менаџер и не можете со секого да бидете ист. Во Челси групата е многу важна, а јас заглавив со своите методи и не успеав да време да се извлечам“, заклучи Виљаш Боаш.