Историја – Барнли собори рекорд и доведе крилен напаѓач!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најголем трансфер во историјата на Барнли во последниот ден од преодниот рок.

Денеска е последен ден од преодниот рок, а ни во Барнли не седеа со скрстени раце, веќе пробаа да пронајдат адекватни засилувања со цел да стигнат до своите цели во оваа сезона.

Токму денеска се случи и историја на Барнли, соборија рекорд, го доведоа најскапото засилување некогаш кога се работи за овој клуб.

Во прашање е досегашниот фудбалер на Норвич и репрезентативец на Република Ирска, Роби Брејди.

Овој 25-годишен крилен напаѓач стигна за 13 милиони фунти во Барнли.

Инаку, тој не е единствен кој денеска стигна во Барнли, пред него тоа го направи досегашниот фудбалер на Астон Вилва, Ешли Вествуд.