Историја во НБА: Тренерот на Сан Антонио напредуваше на вечната листа


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Кошаркарите на Сан Антонио победија против Лејкерс со 116:107, а Грег Попович стигна до 7-то место на вечната листа на тренери со најмногу победи во НБА лигата

    Во текот на ноќта Попович со Сан Антонио стигна до 10-та победа во сезоната, а 1099 победа во НБА лигата.

    На чело е Дон Нелсон со 1.335 победи, на второ место е Лени Вилкенс со 1.332, а лседат Џери Слоан со 1.221, Рајли со 1.210, Џорџ Карл со 1.175 и Фил Џексон со 1.155.

    67-годишниот тренер ја води екипата уште од 1996 година, а зад себе има 5 титули во НБА.

    Тој е еден од најуспешните тренери во НБА и еден од ретките кои стигнал до повеќе од 1000 победи во кариерата.