Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Одбраната на титулата за минатогодишниот шампион на Англија, не можеше да започне полошо. Тие загубија на домашен терен од тимот на Барнли со 2-3, a единствена светла точка за „Сините“ од Лондон беше првиот погодок на Алваро Мората.
По само 10-минути игра рекордното засилување за клубот успеа да постигне гол и да го намали резултатот на 1-3, и не само тоа по неговото влегување тимот на Челзи на теренот изгледаше поинаку и поопасно.
Поранешниот фудбалер на Тотенхем, Џермејн Џенас беше воодушевен од Алваро Мората.
„Неговото влегување во игра го раздвижи тимот на Челзи. Многу наликува на Коста, во играта со глава е одличен и влегува во многу дуели, едвај чекам да го видам што ќе направи на следниот натпревар“.