Италијанските гиганти се договорија: Јуве го добива Бонучи, а во Милан заминуваат двајца играчи!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанските медиуми пишуваат дека конечно ќе се оствари големата желба на Леонардо Бонучи да се врати во Јувентус.

„Скај спортс Италија“ пишува дека Милан и Јувентус се договориле за голема размена. Во Торино треба да замине Бонучи, а на „Сан Сиро“ ќе пристигне Матија Калдара.

Но, во Милано ќе замине и Гонзало Игуаин на позајмица, за која не е познато дали ќе има клаузула според која ќе мораат „росонерите“ да го откупат Аргентинецот.

Единствен проблем за позајмицата на Игуаин би можело да биде тоа што не е познато дали Милан е подготвен да му плаќа 7,5 милиони евра годишно.