Италијанските гиганти се соочуваат со проблеми поради картони: Џеко, Коларов и Пјаниќ ги дознаа своите санкции…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Изминатото коло во Серија А ни понуди доста возбудувања, а средбите помеѓу Лацио -Рома и Наполи -Јувентус, очекувано беа во центарот на вниманието.

Рома уште еднаш ги разочара своите навивачи бидејќи против лутиот ривал беше поразена со 3:0, а пред крајот на мечот голема глупост направија Един Џеко и Александар Коларов.

Џеко заработи трет жолт картон и нема да игра во понеделник на гостувањето против Емполи, а овој меч ќе го пропушти и Коларов кој во финишот на римското дерби заработи црвен картон.

Миралем Пјаниќ блескаше во победата на Јувентус на гости против Наполи, бидејќи постигна фантастичен погодок од слободен удар. Сепак, сенка на се фрли кога заработи втор жолт картон, односно црвен картон.

Фудбалскиот сојуз потврди дека денес Пјаниќ е казнет со еден меч суспензија, и нема да игра притив Удинезе во петок. Покрај него поради проблеми со картоните, Масимилијано Алегри нема да може да смета на Кансело.