Италијански гигант ќе се обиде да го доведе Хесус Навас


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Крилниот фудбалер на Манчестер Сити, Хесус Навас е на мета на Рома и Севиља.

Навас не е стандарден во Манчестер Сити, па побара да си замине на лето од Итихад.

Шпанецот стигна во Англија во 2013-та година како големо засилување од Севиља, но не ги оправда вложените пари.

Има договор со граѓаните до лето, но јасно е дека нема да остане, а тоа ќе се обиде да го искористи Рома. Тренерот Лучиано Спалети обожува брзи и продорни фудбалери, па во Рим ќе настојуваат да го доведат на крајот на сезоната.

Освен Рома, на големо се споменува враќање во Севиља.