Италијанците се налутија: Јувентус со ултиматум до Реал Мадрид!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Јувентус испрати ултиматум до Реал Мадрид, кој е поврзан со потенцијалниот трансфер на Роналдо во Италија, а гласи – реализирање на трансферот во рок од седум дена или ќе се откажат.

Во Италија се појавија информации кога Португалецот требало да стигне во Торино, а изгледа позади цела приказна е барањето на „бјанконерите“.

Јувентус се договори со Роналдо за финансиските услови, кои се неверојатни – 120 милиони евра за четири години.

Сепак, претседателот на „кралевите“ Флорентино Перез ја кочи работата, па наводно Јуве ќе се обиде со ултиматумот да го убеди да се согласи на трансфер, а во спротивно ќе се откажат од обидите да го ангажираат најдобриот играч во светот.