Италијанците тврдат: Манџукиќ го доби најдобриот договор во кариерата!


Да се биде или не за Данска и Србија! ↓↓↓


Марио Манџукиќ, и покрај интерсот на бројните клубови, на крајот најверојатно ќе остане во Јувентус.

Хрватскиот напаѓач има договор со Јувентус до летото 2020. година, и на големо се шпекулира за неговата судбина. Како што се наведува во Јувентус сакаат да ја продолжат соработката за уште две или три сезони, со тоа што би морал да прифати помала плата, а преговорите, како што пишуваат медиумите во Италија, добро напредуваат.

Дека и самиот Манџукиќ е среќен во Јувентус сведочи и тоа што одолеа на повикот од кинезите вреден милиони. Имено, Дилан Јиганг кој го тренира Бернд Шустер, му понуди на Манџукиќ фантастични 10 милиони евра годишно, а иако се работи за трипати поголема плата во однос на онаа која ја има во Јувентус, тој само се заблагодари на понудата.

Манџукиќ така ја одби понудата за три месеци пред 33. роденден да си осигура раскошна кинеска пензија, а со оглед на тоа дека одби, Кинезите се насочија во намерата да го доведат Имобиле за кого Лацио бара повеќе од 60 милиони евра.

Во редовите на Јувентус се задоволни од Манџукиќ, кој неодамна ја доби честа да ја носи и капитенската лента, а колку е почитуван во клубот сведочи и неодамнешната изјава која ја даде претседателот на клубот, Андреа Агнели.

„Тој е неверојатен, го обожувам. Немам што многу да кажам за Марио“, истакна тој.