„Итурбе? Можеби ќе го донесеме во зима“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од Лион најавија дека Хуан Итурбе би можел да го засили францускиот клуб во зимскиот преоден рок.

Тој не е во сериозни планови на Спалети и оваа сезона се мачи во Рома, а во Лион проценија дека тој добро би се вклопил во нивниот тим.

„Веќе разговаравме со претседателот, посебно за засилувања во нападот. Губиме играчи во ротација кои одат на Африканскиот куп на нации, па би ни бил потребен некој кој ќе го дополнува Лаказет.“

„Итурбе? Тој би можел да одговори на таа задача. Би можел да биде вистински профил за нас, но има и други играчи кои ги следиме. Потребен ни е нов играч.“