Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Веќе нема дилеми, Босанскиот репрезентативец и Рома се разделуваат во јуни.
Оваа сабота Един Џеко ќе го одигра своето последно римско дерби.
Веќе долго кружи веста, но се чини дека на двете страни им е јасно, нема простор за договор. Босанецот сака подолг договор од сезоната, 4,5 милиони евра заработува без бонуси, изминатата зима го одби Челси, како и примамливите понуди од Кина, но сега ќе замине.
Овој месец тој ќе наполни 33 години, има и понуди. Една е од Интер, друга од Вест Хем. Рома како што се наведува би можела да бара околу 15 милиони за својот напаѓач.
Тие ќе заиграат на картата на Шик кому би можела да му биде пружена шанса, но тоа не е доволно. Од останатите играчи кои би можеле да стигнат како замена, се споменува Белоти кој сепак е прескап, потоа Фалкао кого Милан не го сака, но кој би морал многу да ја намали платата, како и Николас Пепе од Лил кој оваа сезона постигна 16 погодоци во шампионатот на Франција.