И официјално: Роналдо е меѓу избраниците на Сантос за националниот состав на Португалија во квалификациите


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Португалскиот селектор, Фернандо Сантос го објави списокот фудбалери на кои смета во средбите против Украина и Србија.

Португалците на крајот на овој месец ќе ги почнат квалификациите за ЕП, а првите ривали ќе им бидат Украина и Србија.

Како што беше порано и најавувано, во овие средби, селекторот Сантос на располагање ќе го има најдобриот португалски фудбалер, Кристијано Роналдо.

За потсетување, напаѓачот на Јувентус не играше за националниот состав од СП изминатото лето, но цело време зборуваше дека ќе се врати во 2019. година.

Освен него, тука се и стандардните ѕвезди како Пепе, Бернардо Силва…

Списокот на Португалија можете да го погледнете на фотографијата во продолжение: