„И понатаму сум во фаза на враќање!“


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Федерер по голема борба го победи Џонсон со 7:6 и 7:6, па ќе игра против Надал во 1/8-финалето во Индијан Велс.

Швајцарецот и Шпанецот играле досега 35 пати, а подобар беше Надал со 23 победи.

„Многу сум возбуден. Како што реков на почетокот, тоа е нешто поради кое дојдов, да играм со играчи како што е Рафа. Сега тоа го имам. Подобро е што сум возбуден. Во спротивно, дојдов од погрешни причини.“

„Имаше различни форми пред натпреварите. Некогаш некој доаѓа многу уморен, некој во серија од 3 порази.. Мислам, Австралија ми помогна многу, но на крајот на краиштата, сеуште сум во фаза на враќање. Секој ден имам шанса да градам нешто за продолжување на кариерата.“

Натпреварот се игра вечерва од 1 часот по полноќ.