До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Селекторот на Шпанија се одлучи да го повика баскискиот фудбалер.
Како што пренесовме порано денеска, Хави Мартинез го откажа повикот на Хулен Лопетеги поради повреда, а изгледа дека надвор од тимот ќе биде и Саул од Атлетико, а неговото место во селекцијата ќе го заземе Андер Ерера.
Лопетеги дополнително го повика Ињиго Мартинез од Реал Сосидед, кој треба да биде замена во дефанзивната линија наместо Хави Мартинез, додека синоќа во екипата се приклучи и Андер Ерера.
Иако нема официјална потврда, Саул веројатно доживеа лесна повреда поради што Лопетеги не сакаше да ризикува.
Шпанија до крајот на оваа година ќе игра против Италија и Малта во квалификациите за СП 2018.















