Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шампионот на кралската класа од 2006 година, Хејден изјави дека ГН на Арагон на која ќе го замени Милер, ќе биде шанса да се забавува уште еднаш во Мото ГП шампионатот.
Американецот на крајот на минатата сезона се повлече од шампионатот и премина во Супербајк, но Марк ВДС рејсинг го повика да вози на местото на Милер, кој минатиот месец во падот во Австрија заработи скршеница на дланката.
Хејден во текот на кариерата учествуваше во 216 трки, победи 3 пати, а беше на подиумот на првото натпреварување за ГН на Арагон во 2010 година.
„Прво, му посакувам брзо оздравување на Милер. Тој е мој другар и возач во кој многу верувам, па така се надевам дека брзо ќе оздрави и ќе го покаже потенцијалот за кој сите знаеме дека го има.“
„Ова ќе биде необично искуство за мене, бидејќи никогаш порано не сум бил замена. За мене ова е шанса и да се забавувам, секако дека би возел мотор во недела, а трката би ја гледал на телевизија, па така можам да се појавам и уживам.“
„Знам дека Мото ГП шампионатот не е место на кое би можел лесно да се забавувам, бидеќи нивото е многу високо и нема да биде лесно. Но јас имам искуство и нова шанса, која е одлична.“
ГН на Арагон се вози во недела.