Каде се и што прават актерите на најубавите спортски приказни?


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Во 2009 година Мисимовиќ и Џеко со поддршка на своите соиграчи успеаа да ја освојат Германија и докажаа дека постојат чуда во спортот.

    Бундеслигата во 2009 година доживеа „чудо“, тимот на Волфсбург како „гром од ведро небо“ дојде до титулата. Светот тогаш ги запозна Џеко, Графите, Мисимовиќ, Барзаљи и Дејагах.

    До тогаш Волфсбург беше тим кој се бореше за средината на табелата, но во 2009 година го шокираа светот. Ова е сигурно најдобрата генерација во последните 20-на години кои ги водеше Феликс.

    Поминаа од тогаш 7 години, а ние ќе ви откриеме што прават овие играчи денес.

    Диего Бенаглио

    Овој голман дебитираше во 2008 година за Волсфбург и веќе во наредната сезона беше прв чувар на мрежата. Тој тогаш играше одлично, па е еден од ретките кој и денес е член на тимот. Иако имаше многу понуди остана верен на својата екипа. Бенаглио во досегашната кариера за Волфсбург има одиграно 245 натпревари.

    Кристијан Закардо

    Искусниот италијански одбранбен играч во дресот на Волфсбург беше само една сезона. Закардо ја искористи одличната сезона на тимот за подоцна да направи трансфер во Парма, па во Милан. За Волфсбург одигра 15 натпревари и постигна 1 гол. Моментално е член на Карпи, но оваа сезона игра на позајмица во Виченца.

    Марсел Шафер

    Тој е уште еден играч кој никогаш не го напушти Волфсбург. Овој 32-годишен играч беше стандарден во златната сезона на својата екипа, но одлучи да остане тука иако имаше неколку понуди од цела Европа. Тој досега има одиграно за тимот повеќе од 240 натпревари.

    Рикардо Коста

    Тој ова лето стигна до титулата во Европа, но неговата кариера имаше пад од времето во Волфсбург. По освојување на титулата Коста некое време остана во клубот, па потоа се пресели во Валенсија. Моментално игра за Лузерн.

    Јан Шимунек

    Уште еден од фудбалерите на кои најголем успех им е таа титула. Шимунек беше стандарден, но подоцна играше дури и за резервниот тим. Шимунек оваа година се врати во Чешка, па сега е член на Дукла.

    Андреа Барзаљи

    Тој е еден од фудбалерите кои по Волфсбург направи голем чекор во својата кариера. Во тимот беше стандарден, а во 2011 премина во Јувентус.

    Саша Риетер

    Тој беше еден од љубителите на домашните навивачи поради својата борбеност. Секогаш даваше се од себе на теренот, а имаше и сигурно место во тимот. Потоа замина во Келн, а една сезона играше и во Фулам. Сега во моментов тој е член на Шалке.

    Џошуа

    Бразилецот тогаш беше капитен во тимот, а играше како дефанзивен играч за врска. Тој беше еден од најважните фудбалери во тимот. Неговите игри му овозможија да игра и за Бразил. Во 2013 година се врати во Бразил во Атлетико Минеиро, а минатата година се пензионираше.

    Макото Хасебе

    На Јапонецот ова му беше прв европски клуб. Хасебе играше во редот за врска, но многу офанзивно. Одлично се сложуваше со Мисимовиќ, па често знаеше да постигне и гол. Во 2013 година отиде во Нурнбург, но таму остана само една сезона. Сега игра за Франкфурт.

    Ашкан Дејагах

    Тој не беше многу посакуван од навивачите поради својата себичност, но даваше добар доприност на тимот. Во овој тим играше до 2012 година пред да потпише со Фулам. Минатите 2 години беше член на Ал Араби, но од септември е без клуб.

    Кристијан Гентнер

    Тој беше големо откритие во сензационалната сезона. Сигурно беше еден од најважните играчи во тимот, па со своите голови донесе многу бодови. Во овој тим играше до 2010 година кога одлучи да се пресели во Штутгарт.

    Ѕвездан Мисимовиќ

    Легендарниот играч на БиХ кој тогаш ја одигра својата најдобра сезона, па постави рекорд во Бундеслигата по бројот на асистенции. Тој во 2010 година го напушти тимот бидејќи стигна скапиот Диего, а ова се покажа како лош потег на управата. Подоцна тој играше за Галатасарај, Динамо Москва, а моментално е член на Пекинг Рехне.

    Графите

    Графите беше одличен во таа сезона, односно беше најдобар стрелец со 28 голови во БЛ. Со своите игри стигна до репрезентацијата на Бразил, но одигра само 4 натпревари. Се покажа подоцна дека таа сезона е неповторлива за него кој направи некои „луди“ трансфери. Тој играше уште за Ал Ахли и Ал Сад, а минатата година се врати во Бразил, каде што игра за Санта Круз.

    Един Џеко

    Тој е сигурно играч кој направи најмногу од златната генерација на тимот. Таа сезона ја заврши со 26 постигнати голови, а во 2011 година се пресели во Сити каде што играше 4 сезони. Тој моментално игра за Рома во кој почна повторно да игра одлично. Џеко за Волфсбург одигра 111 натпревари и постигна 66 голови.