Каде се и што прават играчите за кои некогаш навивавме?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Хофенхајм беше целосно непознат тим за фановите на фудбалот, а потоа тој тим за само неколку години стана член во најсилниот ранг на фудбалот во Германија.

Многумина веруваа дека тие ќе имаат кратка епизода во БЛ, но тие најголем успех имаа во сезоната 2008/09 кога по првиот дуел од сезоната беа есенски шампиони, но потоа не можеа да држат чекор со Волфсбург кој беше уште едно изненадување во таа сезона.

Во продолженија следуваат фудбалерите кои играа за тој тим.

  1. Тимо Хилдербранд

Покрај големиот број клубови, Тимо беше член и на Хофенхајм дури 2 сезони. Тој во овој клуб играше од 2009 до 2010 година по што замина во Спортинг. За овој клуб бранеше 38 натпревари, но никогаш не остави подлабока трага. Последен ангажман имаше во Франкфурт во 2015-та година.

  1. Андреас Бек

Бек е еден од играчите кои беше дел од најдобрите во незаборевната генерација. Со своите игри избори место во тимот на Германија, но и за капитенската лента на Хофенхајм. Клубот го напушти во 2015-та година по 7 години и замина во Бешикташ каде што игра и денес.

  1. Марвин Компер

Уште едно добро познато име кое беше член на Хофенхам. Тој баш како и Бек стана познат во нивниот дрес. Во 2008 година дебитираше за Германија, но повеќе не беше на списокот на таа репрезентација. Компер во најдобрата сезона беше капитен на Хофенхајм, а клубот го напушти во 2013 година.

Моментално игра за Лајпциг каде што потсетува на старата форма.

  1. Тобијас Ваис

Тој беше стандарден член на првиот тим и незаменлив во средината. Овој фудбалер во Хофенхајм стигна во 2007 година и играше 8 години за тимот. Ваис одигра 109 натпревари и постигна 3 голови за нив. Минатата година го носеше дресот на Бохум, а моментално е без клуб.

  1. Луиз Густаво

Бразилскиот фудбалер беше еден од најдобрите во тимот. Со своите игри привлече голем интерес на многу гиганти, но во 2011 година одлучи да замине во Баерн каде што помина само 2 сезони. По Баерн потпиша за Волфсбург каде што игра и денес.

  1. Чинеду Обаси

Играч на кој сите се сеќаваме. Обаси беше крило на Хофенхајм, покрај Ибишевиќ и Демба Ба беше најдобар стрелец на тимот. Обаси во тимот играше од 2007 до 2012 година и одигра 92 натпревари и постигна 25 голови. Потоа премина во Шалке, а сега игра во Шензен.

  1. Исак Ворзах

Тој беше незаменлив во тимот на позицијата стопер и играше во тандем со Компер. Тој најдобрите денови во кариерата ги помина во овој клуб каде играше одлично. Одигра дури 110 натпревари и постигна 4 голови. А во 2012 година премина во Салцбург, а моментално е член на АСФАР.

  1. Селим Тебер

Играч од кој многу се очекува во Германија. Беше еден од најголемите таленти, но на крајот не успеа да ги исполни очекувањата. Тебер беше стандарден покрај Салиховиќ во редот за врска и таа сезона му беше најдобра во кариерата. Тој ја заврши кариерата во 2014-та година во Анкарагучу.

  1. Карлос Едуардо

Бразилецот беше еден од носителите на играта на Хофенхајм. Имаше неверојатно чувство за асистенција. За тимот играше 3 години и одигра 80 натпревари и постигна 18 голови. Го напушти тимот во 2010година кога замина во Рубин Казан, а сега игра во Атлетико Минеиро.

  1. Демба Ба

Едно од најзвучните имиња во историјата на тимот е Демба Ба. Овој играч беше одличен во тандем со Ибишевиќ. Одигра скоро 100 натпревари за овој тим и постигна 37 голови. Во 2011 година замина во Вест Хем, а играше уште и за Њукасл и Челси. Сега игра во Бешикташ.

  1. Сеад Салиховиќ

Тој беше страв и трепет за противничките голмани од слободен удар. Тој одигра 10 години во тој тим и 230 натпревари, а постигна и 62 голови. Во 2015 година замина во Пекинг, а моментално игра во Сент Гален.

  1. Ведад Ибишевиќ

Играчот кој имаше полусезона од соништата, а потоа доживеа тешка повреда на коленото. Ведо во првиот дел од сезоната беше убедливо најдобар прв стрелец во БЛ со 18 голови од 17 натпревари. Сепак, подготовките беа лоши за него кој се повреди.

Тој во тимот играше од 2007 до 2012 година и одигра 123 натпревари со 48 голови. Подоцна замина во Штутгарт, а моментално игра во Херта.