Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Иако е еден од најдобрите тенисери на сите времиња, Надал остана скромен и поврзан со своето родно место.
Тоа го потврди уште еднаш во изјава.
„Ќе биде многу тешко да ја напуштам Мајорка, овде се луѓето кои ги сакам и со кои се чувствувам добро. На убаво и мирно место сме, не сме во голем град, а времето е убаво.“
„Овде ми е фондацијата која расте и која ќе биде важен дел од мојата иднина. На работен план веќе со години ја подготвувам мојата иднина, тениска академија е пример з атоа. Поради кариерата која ја имав, секогаш ќе имам нешто да работам.“
Надал оваа сезона игра одлично, ја освои 10-та титула во Монте Карло и Барселона, а во текот на кариерата има освоено 71 титула, од кои 14 на Грен Слем турнирите и 20 на Мастерс турнирите.