Казнет навивачот кој ги погоди играчите на Барслеона


    Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


    На натпреварот помеѓу Валенсија и Барселона кој беше одигран минатиот месец се случи инцидент кога од трибините беше фрлено шише кон играчите на Барселона.

    Навивачот на Валенсија кој ги погоди играчите на Барселона со шише е идентификуван, а потоа и казнет.

    Станува збор за малолетник (17), а казнет е со 3000 евра и пола година забрана за влегување на стадионите во Шпанија.

    „Во моментот кога го фрлив шишето сфатив дека не требаше тоа да го направам. Жалам поради мојот гест, бидејќи овој потег не ме одликува како личност, ниту е својствено за навивачите на Валенсија“, изјави навивачот.

    По прашањето на овој случај се огласи и претседателот на лигата, Хавиер Тебас, кој ги обвини играчите на Барселона дека глумеле.