Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓
Кристијано Роналдо потпиша договор со Реал Мадрид до 2021 година. Откако потпиша нов договор со Реал, Роналдо нагласи дека тоа е претпоследниот договор во кариерата.
Може тоа да значи дека што му заврши договорот во 2021 година, тој ќе ја смени средината и ќе одигра уште 1 или 2 сезони.
Најверојатно богатите Арапи или Кинези ќе нудат многу пари за неговото присуство, но сензација најавува и Херта. Тимот од Берлин на Твитер ја објави следнава порака:
„Роналдо вели дека ова му е претпоследен договор? Неговиот последен договор ќе биде со нас.“
Германскиот клуб само се шегуваше затоа што тоа е скоро невозможно да се реализира.
Но никогаш не се знае…