Каква катастрофа: Гобер се изнервира, па урна негативен рекорд стар 15 години! (ВИДЕО)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Центарот на Јута Џез, Руди Гобер изгуби контрола и стана најбрзо исклучениот кошаркар во НБА-лигата во последните 15 години.

Кошаркарите на Јута го победија Хјустон со 118-91, иако по три минути игра останаа без важен кошаркар.

Французинот Гобер беше исклучен по две минути и 47 секунди игра поради реакција, која ја направи по прекршок врз Џејмс Харден.

Гобер доби лична грешка по прекршокот врз Харден, по што Французинот се изнервира и доби директно исклучување.