Каков неочекуван пресврт, навивачите на Тотенхем пресреќни…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн наскоро ќе биде повторно на терен.

Овој фудбалер се повреди на почетокот на оваа година, се очекуваше да се врати на теренот дури во март, но тој ќе се врати еден месец пред очекуваното.

„Сан“ пишува дека Кејн е подготвен за следната недела, дека речиси е сигурно дека ќе настапува во дуелот против Борусија Дортмунд.

Она во кое се убедени во Тотенхем е дека против Барнли ќе биде подготвен 100%, а тој меч на програмата е на 23. февруари.

Кејн оваа сезона постигна 20 погодоци, а интересно е што мини одморот го искористи за да замине да гледа Супер бол.