Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бока и Ривер го одиграа првиот меч од финалето, беше 2:2, а кога Ривер требаше да биде домаќин во реваншот, настана вистински хаос.
Нападнат е автобусот со фудбалерите на Вока, некои играчи завршија во болница, настана хаос на улиците во Буенос Аирес, а мечот кој првобитно беше закажан за изминатата сабота беше поместен за ден подоцна.
На крајот на барање на Бока е и откажан, дополнително е одредено реваншот да се игра на осми или деветти декември.
Бројни градови ширум светот ги понудија своите стадиони, најпрво тоа го направи Џенова, потоа се чинеше дека „Суперкласико“ ќе се игра во Асунсион, а неодамна се појавија информации дека би можел да биде одигран во Катар, на стадионот во Доха.
Сега се појавија нови информации, имено, главниот кандидат за оддржување на големото финале измеѓу Бока и Ривер сега е стадионот на мадридски Реал, „Сантијаго Бернабеу“.
Така што, „Суперкласико“ според најновите информации треба да се одигра на „Бернабеу“. домот на актуелниот европски шампион.
? EXCLUSIVA #JUGONES | El Bernabéu, PRINCIPAL CANDIDATO para ACOGER la FINAL River-Boca el 8 o 9 de DICIEMBRE. ¡VENTE a @laSextaTV! pic.twitter.com/TpJfofuq9m
— El Chiringuito TV (@elchiringuitotv) November 29, 2018