Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Јувентус својата доминација во Италија ја потврдува од сезона во сезона веќе речиси цела деценија.
Од друга страна, во Европа се етаблираше како еден од најмоќните клубови на денешницата и покрај тоа што не ја освоил Лигата на шампиони.
Тоа го потврдија и изминатото лето кога во сензационален трансфер го доведоа Кристијано Роналдо од Реал, но „Бјанконерите“ тука нема да сопрат.
Според наводите на Тутоспорт, шампионот на Италија подготви пеколен план за да го доведе најдобриот млад фудбалер на светот, Килијан Мбапе.
Во прашање е комплексна операција, Јувентус е подготвен да издвои најмалку 210 милиони евра на име на обештета, а на помош би можела да излезе и УЕФА доколку одлучи да го казни ПСЖ поради прекршување на Финансискиот фер плеј.
Французите во тој случај би морале да ги продадат Нејмар или Мбапе и Италијанците се подготвени на такво сценарио.
Самиот фудбалер би барал некаде околу 20 милиони евра годишно што е помалку од Роналдо бидејќи е свесен дека засега нема иста комерцијална вредност како Португалецот. Тоа наскоро би можело да се промени…
Директорот на Јувентус, Фабио Паратичи не ја отфрли таквата можност, а навивачите веќе се воодуешевени што има „дим“.