Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓
Голманот на Атлетик Билбао, 23-годишниот Кепа ги прекина шпекулациите дека ќе премине во Реал Мадрид откако потпиша нов договор со клубот.
Верноста со Баскијците ја продолжи на седум и пол години, а во договорот се содржи откупна клаузула од 80 милиони евра.
„Многу сум среќен што продолжувам да играм во мојот дом. Овде сум 15 години и му се приклучив на Атлетик на само девет години. Тие кои ми се блиски знаат дека прво правам истражување, па потоа донесувам одлука. Имаше некои понуди, но одлучив дека најдобро за мене е да останам во Атлетик“, вели Кепа.









