„Како да играм покрај Меси, Нејмар и Суарез?“


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Кевин Гамеиро уште еднаш се наврати на преодниот рок во редовите на Атлетико Мадрид во ова лето.

    Гамеиро можеше да оди во Барселона, но на крајот го прифати повикот на Диего Симеоне, тренерот на Атлетико.

    „Меси, Суарез и Нејмар сакаат да играат сите 90 минути, па поради тоа Атлетико беше подобра опција за мене“ рече Гамеиро, и додаде:

    „Чоло (Диего Симеоне) ми се јави и ми рече дека го сакаше Диего Коста, но дека јас сум бил втора опција. Тоа не ми сметаше, но тоа е нешто што се случува во фудбалот. Сега сум во Мадрид и тоа за мене е најважно“.