Како да постигнете 2 голови со 1 удар: Погледнете како го направи тоа мајсторот!


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Во историјата на фудбалот има голем број на играчи кои сите или го сакаа или го мразеа.

    Еден од нив е Инзаги.

    Сигурно голем број пати сте слушнале такви кои не го почитувале овој фудбалер. Многу такви луѓе знаат како аргумент да ви кажат дека нема постигнато голови надвор од голманскиот простор и дека на прст може да се избројат сите негови добри потези.

    До некаде може да се сложиме, но никој не кажа дека Инзаги е најкомплетен напаѓач. Меѓутоа, во тоа што знаеше да го прави – секогаш ќе биде на вистинско место, беше најдобар или скоро најдобар. Овој факт е потврден со неговите 313 голови во Европа и италијанското првенство.

    Најдобриот натпревар на Инзаги се случи на 23 мај 2007 година. Се играше финале во Атина. Милан, за кој тогаш настапуваше овој играч, се пресмета со Ливерпул. Многу експерти оваа средба ја нарекуваа како шанса за одмазда бидејќи во 2005 година Милан изгуби од Ливерпул.

    Тимот под водство на Бенитез, за разлика од минатата средба, имаше иницијатива. Изгледаше шампионски во првите 40 минути. Милан се мачеше со многу пресинг на Англичаните, но ги имаше Неста и Малдини во одбраната, односно Инзаги во нападот.

    https://youtu.be/BgF1pk4lX-k

    Инзаги пред самиот крај на првото полувреме постигна гол по слободниот удар на Пирло. Интересно, голот беше на негово име иако тој не испрати удар. Поточно топката од слободниот удар на Пирло го удри него и го смени правецот на движење.

    Ливерпул од овој гол не се врати. Во продолжение се израмнија силите. Милан стана доминантен, а со својата добра игра стигнаа до уште еден гол. Инзаги во 82-та минута го постигна голот за 2:0, а Ливерпул до крајот успеа да намали на конечни 2:1.

    Ѕверот од „Сан Сиро“ благодарение на „најсреќниот“ играч во светот стана по 7-ми пат шампион во Европа. Инзаги подоцна, кога зборуваше за овој натпревар, откри дека сонувал како мал да постигне 2 голови во финалето.

    Натпреварот ќе остане како запаметен поради одмаздата на Милан, а Инзаги како единствен со 2 постигнати голови со 1 уадр.

    Инзаги кариерата ја започна во 1991 година во Пиаченца, а се пензионираше на 24 јули 2012 година во Милан. Со лубовите освои 2 ЛШ и 3 титули во Серија А, а со Италија стана светски шампион во 2006 година.

    Тој е 4-ти стрелец во сите европски натпреварувања со 70 голови. Пред него се само Кристијано Роналдо, Лионел Меси и Раул. А исто така тој го држи рекордот во Серија А по бројот на хет-трик. Има вкупно 10.