Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Долго Пол Сколс седеше зад новинарската маса и критикуваше се што се случува во Манчестер Јунајтед. Беше жесток критичар и Жозе Мурињо. А, сега можеме да дојдеме до ситуација Мурињо да го коментира Сколс. Бидејќи, некогашниот играч за врска на Манчестер и репрезентацијата на Англија го презеде својот прв клуб во животот како тренер, на четвртолигашот Олдам.
Потпиша договор на година и половина со клубот за кој навиваше како момче. Тешко Олдам ќе дојде до раката на Мурињо која се занимава со коментирање натпревари, но ако Португалецот во Купот на било кој начин може да го коментира Сколс, тоа би било интересно да се слушне. Бидејќи, Сколс не пропушти шанса да му стапне на глава на Мурињо додека Португалецот го водеше Манчестер.
Постои можност 10% од делот на Сколс и Салфорд и Сити да му направи проблем на Сколс ако тој тим се пласира во Лига 2 каде се наоѓа Олдем.
Сколс на клупата на овој тим го наледи Френки Бун. Олдам моментално се наоѓа на 14. позиција во Лига 2, девет бодобви далеку од плеј-офот и 14 над зоната за испаѓање.
Останува да се види како Сколс ќе се снајде во својот прв тренерски ангажман.