Како тече закрепнувањето, кога ќе се врати на теренот Хектор Белерин?!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Изминатиот месец во мечот против Челси, фудбалерот на Арсенал, Хектор Белерин доживеа повреда поради која ја заврши сезоната.

Круцијалните лигаменти на коленото се проблем за Белерин, фудбалерот на Арсенал ја заврши сезоната и прашање е дали ќе се врати на почетокот на следната.

Тој се повреди во мечот против Челси изминатиот месец, а во изјава на социјалните мрежи истакна дека се е во ред, барем засега.

Тој објави неколку фотографии, се гледа голема лузна на коленото.

„Изгледа добро засега, конечно изгледа како колено“, напиша Белерин.

Неговиот соиграч, Лоран Кошчелни истакна дека мора да го стави фудбалот на друга страна.

„Како што му кажав, мора да го остави фудбалот на страна, и да им се посвети на пријателите и семејството“, истакна неговиот соиграч, Кошчелни.