Како Шакири ја прифати одлуката на Клоп?


Да се биде или не за Данска и Србија! ↓↓↓


Причината за неговото изоставување од тимот е желбата да се избегнат несакани тензии на стадионот со обзир на тоа дека Шакири е многу омразена личност во Србија откако по постигнувањето на голот против оваа селекција, прослави покажувајќи „двоглав орел“.

Одкулата за негово изоставување ја донесе Јирген Клоп, кој за тоа говореше на вчерашната прес конференција.

„Доаѓаме како фудбалски тим и го преставуваме еден од најголемите клубови во светот, затоа сме овде, да играме фудбал и сакаме да се фокусираме на тоа и тоа е се. Луѓето знаат каква е ситуацијата и затоа одлучивме така. Џердан ќе игра многу натпревари за нас, но не и оваа против Ѕвезда“, рече Клоп.

На прашање како реагирал Шакири после неговата одлука, Клоп одговорил:

„Добро, нормално. Често сум донесувал слични одлуки околу играчите и тие секогаш добро ги прифаќале. На нашиот официјален клупски сајт се наоѓа соопштение кое секој може да го прочита. Овде дојдовме да играме фудбал и сконцентрирани сме само на тоа. Тоа е се што е важно“, заклучи Клоп.