Како што се очекуваше, Хрватска со речиси комплетно нов тим, бројни измени и кај Аргентина (Фото)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Репрезентацијата на Хрватска против Исланд ќе истрча со многу нови играчи со што ќе им овозможи на Исланѓаните да се обидат да дојдат до целиот плен.

Селекторот на „коцкестите“ шанса им даде на резервистите Ловре Калиниќ, Једвај, Пивариќ, Чалета-Цар, Бадељ и Пјаца, додека од стандардните репрезентативци во составот со само Лука Модриќ и Иван Перишиќ. За разлика од нив, Исланд ќе започне со својот најдобар состав.

„Гаучосите“ пак против Нигерија ќе истрчаат со доста променет состав, па така на голот наместо Кабаљеро ќе биде Франко Армани. Во составот се враќаат и Ди Мариа, Рохо и Банега, додека од првата минута ќе стартува и Гонзало Игуаин.