Калдерон: Кејн е мета на Реал


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Поранешниот претседател на Реал Мадрид, Рамон Калдерон истакна дека напаѓачот на Тотенхем е трансфер мета на клубот.

„Примарна цел за Реал Мадрид, без сомнение е Кејн“- истакна Калдерон во интервју за британскиот медиум „Сан“.

„Доколку сакаат играч за следните пет-шест години треба да се насочат кон Кејн, но Леви ќе бара богатство за него. Колку што знам Тотенхем не сака да го пушти, а исто така знам дека и Баерн не сака да слушне за продажба на Левандовски“- коментираше Шпанецот.

Од Реал Мадрид се во постојана потрага по стабилен напаѓач откако ја загубија довербата во досегашниот прв избор, Карим Бензема поради лошите партии во последните две сезони.