Калиниќ не сака да земе медал од Мундијалот!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Хрватскиот фудбалер Никола Калиниќ одби да го добие сребрениот медал, кој го освои неговата репрезентација на Светското првенство во Русија.

Со одлука на селекторот Златко Далиќ фудбалерот на Милан беше „избркан“ од екипата по првиот натпревар против Нигерија на Мундијалот бидејќи не сакаше да влезе во игра.

Неговите соиграчи во Загреб ги пречекаа половина милион навивачи, а тие одлучија дека треба и Калиниќ да добие медал.

Меѓутоа, хрватските медиуми пишуваат дека 30-годишниот Калиниќ се заблагодарил на понудата и ја одбил медалата.

„Ви благодарам, но јас не играв во Русија“, кажал Калиниќ.